НАД 90 МРТВИ ВО СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТИБЕТ

    НАД 90 МРТВИ ВО СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТИБЕТКинеските медиуми објавија дека се уништени или оштетени повеќе од 1.000 домови (Фото: АП)

    Повеќе од 90 луѓе загинаа откако силен земјотрес го погоди кинескиот планински регион Тибет. Земјотресот што го погоди и светиот град Шигаце имал јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала и се случил на длабочина од десет километри, според Геолошкиот институт на САД.

    Тресењата се почувствувале и во соседните земји Индија и Непал, каде што не се пријавени жртви.

    Досега е потврдено дека загинале 95 луѓе, а 130 се повредени, но се стравува дека има уште луѓе под урнатините. Кинеските медиуми, според кои земјотресот имал јачина од 6,8 степени, објавија дека се уништени или оштетени повеќе од 1.000 домови.

    Кинеските воздушни сили започнаа спасувачка операција и лансираа дронови во погодената област.

    Епицентарот на земјотресот бил во руралниот округ Тингри, 80 километри северно од Монт Еверест, каде што сега не е сезона за качување. Температурите во округот се движат околу -8 Целзиусови степени, а ноќе паѓаат и до -18.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира