НАД ИЛЈАДА ЗАБОЛЕНИ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО ЕВРОПА

    НАД ИЛЈАДА ЗАБОЛЕНИ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО ЕВРОПАИталија има регистрирано најголем број случаи – 516, по што следат Грција со 284 и Шпанија со 88. (Фото: ДПА)

    Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), од почетокот на овогодишната сезона на пренос низ Европа се пријавени повеќе од 1.000 случаи на инфекција со вирусот на западнонилска треска стекнати на локално ниво. Заклучно со 3 септември, во 15 земји биле регистрирани вкупно 1.086 случаи, соопшти агенцијата на ЕУ во својот најнов неделен извештај објавен вчера.

    Бројот на случаи нагло порасна во последните недели. На почетокот на август, во седум европски земји беа пријавени нешто повеќе од 240 случаи. Италија има регистрирано најголем број случаи – 516, по што следат Грција со 284 и Шпанија со 88. Вкупно се погодени 144 области низ Европа, вклучително и 62 во Италија, иако ЕЦДЦ предупреди дека овие бројки не даваат целосна слика за преносот на вирусот.

    Вирусот на западнонилска треска главно се шири меѓу дивите птици преку комарци, но заразените комарци можат да го пренесат и на луѓето. Според германскиот Институт „Роберт Кох“, околу 20% од заразените лица развиваат болест со треска и симптоми слични на грип, додека само еден од 100 развива тешка форма на болеста. Западнонилската треска обично поминува без компликации, иако долгорочните последици се релативно чести кај пациентите кои развиле тешка форма на болеста.

    Во Македонија досега има 56 заразени и 7 починати од западнонилска треска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира