НАЈМАЛКУ 11 МРТВИ ВО РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ СУМИ, СЕ ЧЕКА РЕАКЦИЈА НА КРЕМЉ ЗА ОДЛУКАТА НА БАЈДЕН ДА ДОЗВОЛИ РАКЕТНИ УДАРИ ВРЗ РУСИЈА

    НАЈМАЛКУ 11 МРТВИ ВО РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ СУМИ, СЕ ЧЕКА РЕАКЦИЈА НА КРЕМЉ ЗА ОДЛУКАТА НА БАЈДЕН ДА ДОЗВОЛИ РАКЕТНИ УДАРИ ВРЗ РУСИЈАВо нападот во Суми е погодена деветкатна станбена зграда во центарот на градот (Фото: Суспилне)

    Најмалку 11 луѓе загинаа, вклучувајќи две деца од девет и 14 години, во руски ракетен напад врз Суми, неколку часа откако Џо Бајден ѝ дозволил на Украина да ја гаѓа Русија со американско оружје со долг дострел, што може да доведе до ескалација на војната. Во нападот, во кој се ранети 68 луѓе, е погодена деветкатна станбена зграда во центарот на Суми, објавија градските власти.

    Делови од градот останале без струја откако била погодена и клучната инфраструктура. Украинскиот електроенергетски систем беше мета на жесток руски напад вчера, при што биле лансирани 120 дронови и 90 проектили.

    Кремљ засега не реагираше на одлуката на Бајден, но руската пратеничка Марија Бутина изјави дека неговата влада на овој начин ризикува да почне трета светска војна.

    Тие се обидуваат да ја ескалираат ситуацијата до максимум додека сѐ уште се на власт. Имам големи надежи дека Доналд Трамп ќе ја промени оваа одлука зашто трета светска војна на никого не му е во интерес“, кажа Бутина.

    Украина со месеци бараше од западните сојузници да ѝ дозволат да користи проектили со долг дострел за напади во длабочината на Русија, за што Владимир Путин на 12 септември кажа дека би значело директно вклучување на НАТО во војната во Украина. Кон крајот на октомври, Путин рече дека руското министерство за одбрана работи на различни начини на одговори доколку САД и нивните сојузници во НАТО ѝ помогнат на Украина да удри длабоко во Русија со западни ракети со долг дострел.

    Украина во овие напади би можела да ги користи американските проектили „АТАЦМС“ и британските „сторм шедоу“, кои имаат дострел од околу 300 километри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира