НАЈМАЛКУ 11 ПЛАНИНАРИ ЗАГИНАЛЕ ВО ПОПЛАВАТА ВО КАЊОН ВО ЈУЖНА ИТАЛИЈА

    НАЈМАЛКУ 11 ПЛАНИНАРИ ЗАГИНАЛЕ ВО ПОПЛАВАТА ВО КАЊОН ВО ЈУЖНА ИТАЛИЈАВластите не знаат точно колку планинари се водат како исчезнати (Фото: ЕПА)

    Најмалку 11 планинари загинале во поплавите што ја погодија јужна Италија, а неколкумина се водат како исчезнати. Тие пешачеле низ еден кањон во национален парк во регионот Калабрија, кога биле изненадени од пороен дожд. Локалните власти велат дека бројката на планинари со кои не може да се стапи во контакт е непозната.

    Осумнаесет луѓе се спасени, вклучувајќи и десетгодишно дете, а шест се превезени во болница, кажа шефот на локалната цивилна заштита.

    „Кога планинарите биле удрени од надојдената вода, тие биле катапултирани како куршуми и однесени три километри подолу во долината. Кањонот Раџанело е тесен и висок, се издигнува и до еден километар. Тој за многу кратко време може да се исполни со вода“, изјави Карло Танзи.

    Националноста на планинарите не е позната, освен дека еден од повредените е Холанѓанец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира