Најмалку 150 луѓе загинаа во стампедо во тесна улица во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, за време на прославата на Ноќта на вештерките. Уште најмалку 80 се повредени во инцидентот во областа Итаевон позната по ноќниот живот.
Меѓу загинатите има 19 странски државјани, а причината за трагедијата сè уште се утврдува.
Околу 100 илјади луѓе се собраа во Итаевон вчера за да ја прослават Ноќта на вештерките, првпат без ограничувања поради пандемијата на коронавирус.