НАЈМАЛКУ 168 ЗАГИНАТИ И 745 ПОВРЕДЕНИ ПО ЦУНАМИ ВО ИНДОНЕЗИЈА

    НАЈМАЛКУ 168 ЗАГИНАТИ И 745 ПОВРЕДЕНИ ПО ЦУНАМИ ВО ИНДОНЕЗИЈАНемаше предупредување за најновото цунами во Индонезија. (Фото: АП)

    Најмалку 168 луѓе загинаа и други 745 се повредени откако цунами го погоди брегот на островите Јава и Суматра во Индонезија. Немаше предупредување за високите бранови, кажа Сутопо Пурво Нугрохо, портпарол на индонезиската Национална агенција за справување со катастрофи.

    Цунамитo изгледа дека било причинето од вулканска ерупција, соопшти државната агенција за метеорологија, климатологија и геологија.

    Индонезија беше најтешко погодена земја од цунамите на Божик во 2004 година, кога загинаа стотици илјади луѓе, земјата сè уште нема соодветна опрема за рано откривање и предупредување дека доаѓа цунами.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира