Најмалку 18 луѓе загинаа, вклучувајќи две деца, во руското ракетирање на јужниот пристаништен град Одеса, објавија властите. Нападот се случи ден откако руските трупи го напуштија стратешки важниот Змиски Остров во Црното Море.
Заменик-шефот на кабинетот на Зеленски, Кирил Тимошенко, изјави дека ракетите погодиле станбена зграда и центар за рекреација, при што има и најмалку 30 повредени.
Регионалниот гувернер на Одеса, Максим Марченко, кажа дека три ракети биле испукани од авион „Ту-22“ од правецот на Црното Море.
„Една од ракетите погоди станбена деветкатница. Досега се идентификувани 18 загинати и 31 ранет“, рече Марченко.