НАЈМАЛКУ 19 ЗАГИНАТИ ОТКАКО ЕДЕН ОД НАЈСИЛНИТЕ ТАЈФУНИ ЈА ПОГОДИ ЈАПОНИЈА

    НАЈМАЛКУ 19 ЗАГИНАТИ ОТКАКО ЕДЕН ОД НАЈСИЛНИТЕ ТАЈФУНИ ЈА ПОГОДИ ЈАПОНИЈАВладата ангажираше хеликоптери и бродови во големата акција на спасување (Фото: АП)

    Јапонија распореди 27.000 војници и припадници на спасувачки служби откако земјата ја погоди еден од најсилните тајфуни досега, убивајќи најмалку 19 луѓе.

    Тајфунот Хагибис вчера удри јужно од Токио, по што продолжи кон север, донесувајќи сериозни поплави. Државната телевизија НХК објави дека се излеале 14 реки низ земјата и дека 13 луѓе се водат како исчезнати.

    Тајфунот предизвикал излевање на 14 реки (Фото: АП)

    „Силниот тајфун предизвика огромни штети низ цела источна Јапонија“, изјави портпаролот на владата Јошихиде Суга.

    Владата ангажираше хеликоптери и бродови во големата акција на спасување. Една жена загина откако падна од спасувачки хеликоптер.

    „Околу 376.000 домови се без електрична енергија, а 14.000 домови немаат вода“, додаде Суга.

    Тајфунот во меѓувреме ослабна и го напушти копното.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира