НАЈМАЛКУ 19 ЗАГИНАТИ ВО ДЕНЕШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ТАНЗАНИЈА

    НАЈМАЛКУ 19 ЗАГИНАТИ ВО ДЕНЕШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ТАНЗАНИЈАСе верува дека лошото време е причина за несреќата (Фото: ТБЦ)

    Најмалку 19 луѓе загинаа во денешната авионска несреќа во Танзанија. Авионот на најголемата домашна приватна авиокомпанија „Пресижн ер“ падна во езерото Викторија непосредно пред слетувањето на аеродромот во Букоба, при што во прв момент биле спасени 26 од 43 луѓе.

    Двајцата пилоти го преживеале падот и успеале од кокпитот да зборат со службени лица, но премиерот Касим Маџалива изјави дека тие во меѓувреме починале.

    Авионот паднал покрај брегот на крајот на аеродромската писта, па спасувачките екипи биле во можност да се пробијат низ водата до некои од преживеаните.

    Се верува дека лошото време е причина за несреќата. Набргу по падот, авионот од типот „АТР-42“ бил речиси целосно потопен во најголемото езеро во Африка, а потоа итните служби успеале да го довлечат поблиску до брегот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира