Во два шумски пожари помогнати од силен ветер во близина на Атина до сега загинале најмалку 24 лица, а повеќе од 100 се повредени, од кои 11 во многу тешка состојба, јавуваат локалните медиуми.
Имна стравувања дека бројот на жртви ќе расте.
Спасувачките екипи кои се низ јагленисаните области каде што минал огнот велат дека на едно место нашле 20 тела што се обиделе да избегаат во близина на плажа.
Грчките здравствени власти не можат веднаш да го потврдат зголемувањето на бројот на жртвите бидејќи телата сè уште не стигнале до болниците.