НАЈМАЛКУ 58 ЖРТВИ НА КЕНИСКАТА СЕКТА ЧИИ ЧЛЕНОВИ ГЛАДУВАЛЕ ДО СМРТ ЗА ДА ГО СРЕТНАТ ИСУС, СЕ ОЧЕКУВА БРОЈОТ ДА РАСТЕ

    НАЈМАЛКУ 58 ЖРТВИ НА КЕНИСКАТА СЕКТА ЧИИ ЧЛЕНОВИ ГЛАДУВАЛЕ ДО СМРТ ЗА ДА ГО СРЕТНАТ ИСУС, СЕ ОЧЕКУВА БРОЈОТ ДА РАСТЕВластите продолжуваат со ископувањата (Фото: АП)

    Бројот на жртвите на кениската христијанска секта чии членови гладувале до смрт порасна на 58 и властите сè уште ги утврдуваат вистинските размери на оваа трагедија.

    Телата се ископани од плитки гробови пронајдени во шумата близу крајбрежниот град Малинди, каде што претходно беа спасени 15 припадници на црквата Добри вести. Таа била предводена од проповедникот Пол Мекензи Нтенге, кој сега е во притвор.

    Откако ги крстил во езерце, Мекензи наводно им кажал на своите следбеници да гладуваат со цел да го сретнат Исус, објавија локалните медиуми. Тој тврди дека е невин и дека црквата ја затворил уште во 2019 година.

    Властите продолжуваат со ископувањата, бидејќи според кенискиот Црвен крст, 112 луѓе се водат како исчезнати. Министерот за внатрешни работи Китуре Киндики изјави дека целата шума е прогласена за место на злосторство.

    Мекензи беше уапсен на 15 април по дојава за постоењето на плитки гробови во кои се закопани најмалку 30 тела. На имотот на Мекензи притоа биле пронајдени 15 изнемоштени лица, од кои четири починале во болница.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира