Најмалку четири луѓе загинаа, а 120 се повредени во земјотресот што денеска го погоди Измир, објави агенцијата ДПА.
Турција објави дека тој имал јачина од 6,6 степени според Рихтерова скала, а епицентарот бил во Егејско Море, 17 километри од брегот на провинцијата Измир, северно од грчкиот остров Самос. Светските агенции јавуваат дека тресењето се почувствувало и во Атина и Истанбул, како и на грчкиот остров Крит. Земјотресот предизвикал и мало цунами, кое поплави делови на Самос.
Градоначалникот на Измир Тунч Сојер кажа дека во земјотресот се урнати најмалку 20 згради и дека има заробени луѓе под урнатините.
Според Геолошкиот институт на САД, земјотресот имал јачина од седум степени според Рихтер.