Најмалку девет луѓе загинаа, а 29 се ранети во руски ракетен напад на јужниот украински град Криви Рих, родниот град на Володимир Зеленски.
Властите кажаа дека петмина деца се меѓу повредените, откако беше погодена станбена зграда. Уште четири лица се водат како исчезнати. Итните служби и волонтери пребаруваат по урнатините на зградата, а во акцијата учествуваат и кучиња трагачи.
Овој напад уследи неколку часа откако Русија изведе голем воздушен напад врз Украина, при што мета беа неколку области, вклучувајќи го и Киев.