НАЈМАЛКУ ДЕВЕТ ЗАГИНАТИ ВО ДЕНЕШНИОТ РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД, КОРИСТЕНИ И ПРОЕКТИЛИ ПРОТИВ КОИ УКРАИНА НЕМА ОДБРАНА

    НАЈМАЛКУ ДЕВЕТ ЗАГИНАТИ ВО ДЕНЕШНИОТ РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД, КОРИСТЕНИ И ПРОЕКТИЛИ ПРОТИВ КОИ УКРАИНА НЕМА ОДБРАНАРусија лансираше 81 проектил од воздух и од море (Фото: Твитер)

    Десет украински региони беа мета на денешниот руски ракетен напад, во кој биле испукани 81 проектил од различен тип. Украинската војска кажаа дека се соборени 34 од нив, како и четири дрона, но додаде дека Русија користела и проектили против кои Украина нема одбрана.

    „Русија лансираше 81 проектил од воздух и од море. Важно е да се напомене дека вооружените сили на Украина не располагаат со опрема за уништување на проектили ‘Кх-22‘, ‘Кх-47‘ и ‘С-300‘“, соопштија украинските воздушни сили.

    Досега е потврдено дека загинале пет лица во Лвов, три во Херсон и едно во Днепар, додека во некои области снема струја.

    „Ова беше тешка ноќ. Погодени се станбени и инфраструктурни објекти и, за жал, има мртви и повредени. Енергетскиот систем е обновен, но има рестрикции во сите региони. Непријателот се врати на својата мизерна тактика. Окупаторот знае само да тероризира цивили“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

    Државната компанија „Енергоатом“ соопшти дека како резултат на денешното ракетирање е прекината и последната врска помеѓу нуклеарната централа Запорожје и украинскиот електроенергетски систем. Шести пат откако беше преземена од руските сили, Запорожје работи на дизел генератори, кои можат да бидат во функција најмалку 10 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира