НАЈМАЛКУ ДЕВЕТ ЗАГИНАТИ ВО ПУКАЊЕ ВО СРЕДНО ШКОЛО ВО ГРАЦ

    НАЈМАЛКУ ДЕВЕТ ЗАГИНАТИ ВО ПУКАЊЕ ВО СРЕДНО ШКОЛО ВО ГРАЦОсомничениот вооружен напаѓач е меѓу убиените, потврди градоначалничката. (Фото: АФП)

    Полицијата во Грац потврди дека неколку лица се убиени, а има и ранети во нападот во средното училиште „Драјершиценгасе“. На прес-конференцијата тие одбија да го кажат точниот број на жртви, но некои австриски медиуми објавија дека има најмалку девет убиени, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач.

    Градоначалничката Елке Кар изјави за агенцијата АПА дека осомничениот напаѓач е меѓу убиените. Портпарол на полицијата изјави за австриските медиуми дека тој бил ученик во училиштето.

    Полицијата вели дека училиштето сега е обезбедено и нема натамошна опасност.

    Според австриските медиуми, се екипираат локалните болници, а повредените ученици се прегледуваат во блиската концертна и изложбена сала.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира