Најмалку двајца се загинати и десетина се повредени во пожар што вечерва избил во хотел во центарот на Прага, соопштија чешките власти.
Портпаролот на сопасувачката единица Јана Постова изјави дека осум луѓе се префрлени во болница со сериозни повреди. Таа рече дека тројца биле во бесвесна состојба, а уште дузина биле повредени.
Од Противпожарната бригада објавија дека хотелот се вика Еуростарс Давид.
Градоначалнилката на Прага која се појави на местото на несреќата изјави сочувство за роднините на жртвите, кои сѐ уште не се идентификувани.
Хотелот е во строгиот центар на Прага.