НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ НАПАД НА СУПЕРМАРКЕТ ВО ХАРКИВ, ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА ВНАТРЕ ИМАЛО 200 ЛУЃЕ

    НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ НАПАД НА СУПЕРМАРКЕТ ВО ХАРКИВ, ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА ВНАТРЕ ИМАЛО 200 ЛУЃЕСупермаркетот се запали откако беше погоден (Фото: Телеграм)

    Најмалку двајца луѓе загинаа, а 35 се ранети во руски воздушен напад на Харкив, при што е погоден супермаркет, кој се запали. Претседателот Володимир Зеленски кажа дека над 200 луѓе имало во супермаркетот кога бил погоден.

    Голем број луѓе се исчезнати. Ова е чист тероризам“, изјави градоначалникот на Харкив, Игор Терехов.

    Тој додаде дека во втор напад во централен Харкив биле ранети осум луѓе.

    Нападот уследи по самитот на Г7 во Италија, каде што беше поддржан предлогот профитите од замрзнатите руски средства да се користат за финансирањето на украинските воени напори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира