НАЈМАЛКУ ЕДЕН УБИЕН ВО ПУКАЊЕ ПРЕД ИЗРАЕЛСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО ИСТАНБУЛ

    НАЈМАЛКУ ЕДЕН УБИЕН ВО ПУКАЊЕ ПРЕД ИЗРАЕЛСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО ИСТАНБУЛТурските власти кажаа дека нападот го извеле три лица (Фото: Анадолу)

    Еден напаѓач е убиен, а двајца се ранети во пукање пред зградата на израелскиот конзулат во населбата Бешикташ во Истанбул, изјави регионалниот гувернер Давут Ѓул. Турските медиуми објавија дека напаѓачите биле вооружени со автоматски пушки и пиштоли и дека се судриле со полицијата.

    Турските ,медиуми објавија дека сите тројца напаѓачи се убиени.

    „Двајца полицајци се ранети. Еден од терористите е убиен, а другите двајца се ранети и неутрализирани“, кажа Ѓул.

    Турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифчи потврди дека нападот го извеле три лица.

    „Тие пристигнале во Истанбул со изнајмено возило од Измит. Утврдено е дека еден од нив бил поврзан со организација што ја експлоатира религијата. Исто така е утврдено дека двајца од терористите се браќа, а еден од нив има досие за дрога“, изјави Чифчи.

    Моментално нема стационирани израелски дипломати во Турција, па така и во конзулатот во Истанбул. Турското министерство за правда отвори истрага за престрелката, која траела околу десет минути.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира