Најмалку тројца се убиени во пукањето што утрово се случи во трамвај во центарот на холандскиот град Утрехт, при што има и неколку повредени.
„Терористички мотив не е исклучен“, изјави портпаролот на полицијата Бернхард Јенс.
Тој не потврди дали има загинати, но холандските медиуми објавија дека имало најмалку едно тело на самото место, а 20-ина луѓе се примени во болница. Нивото на закана од тероризам привремено е кренато на највисоко ниво за регионот на Утрехт.
Локалната полиција објави снимки од осомничениот напаѓач, кој е идентификуван како 37-годишник роден во Турција, додавајќи дека тој и натаму е во бегство.
„Се чини дека ова е терористички напад. Станува збор за сложена операција. Сите наши сили се фокусирани на ова“, кажа националниот координатор за антитероризам, Питер-Јап Алберсберг.