НАЈМАЛКУ ОСУМ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО СКЛАДИШТЕТО НА „ФЕДЕКС“ ВО ИНДИЈАНАПОЛИС

    НАЈМАЛКУ ОСУМ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО СКЛАДИШТЕТО НА „ФЕДЕКС“ ВО ИНДИЈАНАПОЛИСПолицијата кажа дека напаѓачот извршил самоубиство (Фото: АП)

    Најмалку осум луѓе се убиени, а голем број се повредени во пукањето во складиштето на „Федекс“ во близина на меѓународниот аеродром во американскиот град Индијанаполис.

    Сведоците изјавија дека виделе еден маж со автоматско оружје и полицијата кажа дека напаѓачот дејствувал сам и дека извршил самоубиство. Властите кажаа дека веќе нема закана по јавната безбедност.

    „При првичното пребарување на теренот лоциравме осум луѓе со прострелни рани. Сите се прогласени за мртви на самото место. Има и повеќе повредени, кои се превезени во локални болници“, изјави портпаролката на градската полиција Џини Кук, додавајќи дека мотивот на нападот не е познат.

    Полицијата не го соопшти идентитетот на убиецот и Кук вели дека е рано да се каже дали бил вработен во складиштето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира