НАЈМАЛКУ 11-МИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО ЦЕТИЊЕ, МАЖ ПУКАЛ ПО СЛУЧАЈНИ МИНУВАЧИ

    НАЈМАЛКУ 11-МИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО ЦЕТИЊЕ, МАЖ ПУКАЛ ПО СЛУЧАЈНИ МИНУВАЧИПолицијата кажа дека сè почнало како семејна пресметка (Фото. Вијести)

    Триесет и четиригодишен маж уби повеќе лица во Цетиње, пред да биде убиен од полицијата. Црногорските медиуми објавија дека тој пукал во близина на местото каде што живеел и дека сè почнало како семејна пресметка.

    Од полицијата кажаа дека убиецот пукал и на цивили и на полицајци. Според потврдени информации, тој убил најмалку 11 лица, по што бил убиен во престрелка со полицијата.

    Очевидците кажаа дека напаѓачот се движел низ населбата Медовина и пукал во случајни минувачи, при што има и повеќе повредени, меѓу кои и еден полицаец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира