НАЈМАЛКУ СЕДУМ УБИЕНИ И 25 ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАД ВО ЦРКВА ВО ХАМБУРГ

    НАЈМАЛКУ СЕДУМ УБИЕНИ И 25 ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАД ВО ЦРКВА ВО ХАМБУРГПолицијата нема веродостојна информација за мотивот на нападот. (Фото: ДПА)

    Најмалку 7 луѓе се убиени и 25 се повредени во германскиот град Хамбург во пукотница во црква што ја користеле Јеховини сведоци, изјавија од полицијата.

    Се претпоставува дека напаѓачот е меѓу мртвите.

    Нападот се случил околу 21 часот во четврток.

    На жителите што живеат во околината им е испратена порака да не ги напуштаат своите домови додека трае полициската операција.

    Полицијата уште нема веродостојна информација за мотивот на нападот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира