НАЈМАЛКУ ШЕСТ ЗАГИНАТИ И 50 ПОВРЕДЕНИ ВО РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ КИЕВ

    НАЈМАЛКУ ШЕСТ ЗАГИНАТИ И 50 ПОВРЕДЕНИ ВО РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ КИЕВВо нападот е погодена станбена висококатница (Фото: АП)

    Најмалку шест луѓе загинаа, а над 50 се повредени во ноќешниот руски воздушен напад врз Киев. Меѓу загинатите е шестгодишно момче, а три од жртвите се потврдени во една станбена зграда која се урнала откако била погодена.

    Шефот на воената управа на Киев Тимур Ткаченко кажа дека бројот на загинати би можел да расте, а штети се регистрирани на повеќе од 20 локации низ градот.

    Русија продолжува со нападите врз Украина и покрај заканите од Доналд Трамп дека ќе воведе построги санкции ако Владимир Путин не прифати прекин на огнот до 8 август.

    Во нападот е погодена станбена висококатница, цел влез е уништен. Спасувачите пребаруваат по урнатините“, изјави министерот за внатрешни работи Игор Клименко, додавајќи дека се оштетени и болница, училиште и градинка.

    Ужасно утро во Киев. И натаму има луѓе под урнатините. Трамп беше многу дарежлив и трпелив со Путин, но сега е време да се изврши максимален притисок врз Москва преку санкции“, кажа министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира