НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА ПЛАНИНАРИ ЗАГИНАА ПО ПАД ОД НАЈВИСОКИОТ АКТИВЕН ВУЛКАН ВО ЕВРОАЗИЈА

    НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА ПЛАНИНАРИ ЗАГИНАА ПО ПАД ОД НАЈВИСОКИОТ АКТИВЕН ВУЛКАН ВО ЕВРОАЗИЈАКлучевскаја Сопка се надвиснува над градот Петропавловск на Камчатка (Фото: Гети)

    Најмалку шест луѓе загинаа при искачувањето на највисокиот активен вулкан во Евроазија, сместен во источниот руски регион Камчатка. Поради лошото време, спасувачите досега не успеале да стигнат до уште шестмина планинари на вулканот Клучевскаја Сопка.

    Се верува дека тие се наоѓаат во кампови на надморска височина од над 3.300 метри. Сите планинари се руски државјани.

    Дванаесетчлената група, меѓу кои и двајца водичи, го почнале искачувањето на 4.754 метри високиот врв во вторникот. Четворица планинари загинале четири дена подоцна по пад од околу 4.000 метри, а уште двајца починале набргу потоа.

    Еден од водичите наводно имал скршена нога, а состојбата на преостанатите преживеани не е позната.

    Клучевскаја Сопка е дел од Вулканите на Камчатка, кои се под заштита на УНЕСКО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира