НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ НАПАД ВРЗ КИЕВ ОТКАКО ЗЕЛЕНСКИ ГИ ПОЗДРАВИ ИЗМЕНИТЕ НА АМЕРИКАНСКИОТ МИРОВЕН ПЛАН

    НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ НАПАД ВРЗ КИЕВ ОТКАКО ЗЕЛЕНСКИ ГИ ПОЗДРАВИ ИЗМЕНИТЕ НА АМЕРИКАНСКИОТ МИРОВЕН ПЛАНВо Киев се погодени најмалку две станбени згради (Фото: АП)

    Русија го нападна Киев набргу откако Володимир Зеленски ги поздрави измените на американскиот мировен план за Украина. Киев беше нападнат со дронови и проектили, што предизвикало пожари на најмалку две станбени згради и загинале најмалку шест лица.

    Во исто време, Украина ја нападнала јужна Русија со дронови, при што според локалните власти загинале тројца луѓе, а 16 биле повредени. Притоа биле оштетени станбени згради во црноморското пристаниште Новоросијск, Краснодар и Ростов. Руското министерство за одбрана соопшти дека биле соборени 249 украински дронови, од кои 116 над Црното Море.

    Ова следува два дена по американско-украинските разговори во Женева, каде што бил изменет првичниот мировен план за Украина, изработен од САД. Украина и нејзините европски сојузници ги притискаа САД да го изменат планот, сметајќи дека ѝ дава премногу отстапки на Русија. Тој во меѓувреме бил намален од 28 на 19 точки.

    И Украина и САД зборуваа за напредок во изминатите денови, а Зеленски испрати уште една позитивна порака ноќеска.

    Планот е намален и многу од вистинските елементи се земени предвид. Списокот на неопходни чекори за завршување на војната сега е изводлив“, кажа Зеленски, најавувајќи дека „ќе разговара за чувствителните прашања со Доналд Трамп“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира