НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИИ ВО РУСКИОТ ПОГРАНИЧЕН ГРАД БЕЛГОРОД

    НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ЕКСПЛОЗИИ ВО РУСКИОТ ПОГРАНИЧЕН ГРАД БЕЛГОРОДВо експлозиите се оштетени десетици куќи (Фото: Телеграм)

    Најмалку три лица загинаа, а десетици домови се оштетени во експлозии во рускиот град Белгород близу границата со Украина, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков. Тој кажа дека имало повеќе експлозии во градот со 400.000 жители, кој е оддалечен околу 40 километри од украинската граница.

    „Оштетени се најмалку 11 станбени згради и 39 куќи, од кои пет се уништени“, изјави Гладков.

    Тој не прецизираше што е причината за експлозиите, но кажа дека тие ја активирале противвоздушната одбрана.

    „Ја истражуваме причината за инцидентот“, додаде Гладков.

    Рускиот пратеник Андреј Клишас ја обвини Украина за гранатирање на Белгород, кој веќе беше цел на украински напади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира