Русија ги нападна Киев и енергетската инфраструктура на Украина два дена по завршувањето на последните мировни разговори во Мајами, кои не донесоа напредок во напорите да се стави крај на војната. Володимир Зеленски изјави дека Русија лансирала повеќе од 600 дронови и 30 проектили во нападот во кој загинале најмалку тројца луѓе, вклучувајќи четиригодишно дете.
„Нападите непосредно пред Божиќ, кога луѓето едноставно сакаат да бидат со своите семејства, дома и безбедни, испраќаат исклучително јасен сигнал за приоритетите на Русија. Путин сè уште не може да прифати дека мора да престане да убива. А, тоа значи дека светот не врши доволно притисок врз Русија“, кажа Зеленски.
Тревогата за воздушен напад утрово се огласила низ речиси целата земја. Министерството за енергетика соопшти дека вонредни редукции на струјата се воведени во бројни региони, вклучувајќи го и Киев.
Полска кажа дека за време на нападот биле кренати авиони на НАТО за да се заштити полскиот воздушен простор.



