Најголемите украински градови Киев и Харкив утрово беа цел на силен руски воздушен напад, при што загинаа најмалку тројца луѓе, а има и ранети.
Во Киев загинало најмалку едно лице, изјави шефот на градската управа Роман Попко, додека најмалку деветмина се повредени, вклучувајќи 13-годишно дете.
Најмалку двајца луѓе загинаа, а 11 се ранети во нападот на Харкив, изјави регионалниот гувернер Олег Синебухов. Градоначалникот Игор Терехов кажа дека е урната цела секција од една станбена зграда, при што под урнатините има непознат број луѓе.
Русија при последните напади се обидуваше да пронајде празнини во украинската одбрана, лансирајќи голем број дронови и проектили одеднаш. Повеќе од 500 дронови и проектили биле лансирани од 29 декември до 2 јануари, според украинските власти.
Денешниот напад уследи ден по посетата на новиот полски премиер Доналд Туск на Киев, кој вети дека Полска ќе продолжи да ја поддржува Украина, при што најави и нов пакет воена помош.