Нападот на Хамас врз Израел би можел да ги инспирира најзначајните терористички закани за САД од подемот на Исламска држава пред речиси десет години, предупреди директорот на ФБИ, Кристофер Вреј.
Тој кажа дека од почетокот на последниот израелско-палестински конфликт повеќе странски терористички организации повикале на напади против Американците и западот, зголемувајќи ја заканата од домашни насилни екстремисти.
„Дејствата на Хамас и неговите сојузници ќе послужат како инспирација каква што не е видена откако ИСИС го прогласи својот калифат пред неколку години“, изјави Вреј на сослушување во американскиот Конгрес.
Американската влада има забележано пораст на закани против Евреите, муслиманите и американските Арапи откако почна војната во Газа. Во исто време, се случија бројни напади врз американските воени бази на Блиски Исток од страна на милитантни групи поддржани од Иран, кажа Вреј.
„Сајбернападите врз САД веројатно ќе се влошат доколку конфликтот се прошири“, изјави Вреј.