НАПРАВИВМЕ ГРЕШКИ ВО СТРАТЕГИЈАТА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ, ВЕЛИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ФРАНС ТИМЕРМАНС

    НАПРАВИВМЕ ГРЕШКИ ВО СТРАТЕГИЈАТА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ, ВЕЛИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ФРАНС ТИМЕРМАНСТимерманс вели дека ќе се направи ревизија, но откако пандемијата ќе заврши (Фото: АФП)

    Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс призна дека Европската Унија направила грешки во осмислувањето на стратегијата за вакцинирање против ковид-19.

    „Вистина е дека се направени грешки во нарачувањето вакцини, како во Брисел, така и во земјите-членки, Подготвен сум да направиме ревизија откако ќе заврши пандемијата, тогаш ќе видиме што сме направиле погрешно, а што добро. Сега е најважно сите во Европа да добијат вакцина“, кажа Тимерманс.

    Европската комисија има нарачано најмалку 1,4 милијарди дози од четири вида вакцини одобрени од ЕУ, што е повеќе од доволно да се вакцинираат сите 450 милиони жители на блокот. Таа ги презеде преговорите околу цените и нарачувањето откако стана јасно дека Германија, Холандија, Франција и Италија се подготвени независно да се договараат со производителите.

    „Тоа беше исправна одлука и беше во интерес и на големите членки на ЕУ, како Германија“, вели Тимерманс.

    Сепак, шест членки на ЕУ вчера побараа итен состанок во Брисел за да се разговара за поправична распределба на вакцини, тврдејќи дека некои држави до лето ќе постигнат колективен имунитет, а други доста ќе заостанат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира