Компанијата „Фајзер“ објави дека нејзината експериментална вакцина против ковид-19 е повеќе од 90-процентно ефективна, опишувајќи го тоа како голема победа во борбата со пандемијата.
„Во екстаза сме. Ова е голем ден за науката и човештвото“, соопштија „Фајзер“ и германскиот партнер „БиоНТек“.
Тие се првите фармацевтски компании кои објавија успешни резултати од обемното тестирање на вакцина против ковид-19. Тие велат дека досега не пронашле сериозни безбедносни грижи и очекуваат американските власти да го одобрат итното користење на вакцината.
Ако биде одобрена, бројот на дозите во почетокот ќе биде ограничен, а останува нејасно колкава заштита ќе обезбедува.
„Фајзер“ верува дека би можел да обезбеди 50 милиони дози од вакцината до крајот на годината, односно 1,3 милијарди дози до крајот на 2021.