НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ НИЗ САД ПРОДОЛЖИЈА ИАКО ГОЛЕМИТЕ ГРАДОВИ ВОВЕДОА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

    НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ НИЗ САД ПРОДОЛЖИЈА ИАКО ГОЛЕМИТЕ ГРАДОВИ ВОВЕДОА ПОЛИЦИСКИ ЧАСПротестите се одржуваат во 30-ина градови (Фото: АП)

    Петнаесет големи американски градови воведоа полициски час, а 12 сојузни држави ја активираа Националната града додека низ САД и ноќеска продолжија насилните протести, како одговор на смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина во понеделникот во Минеаполис додека бил приведуван од полицијата.

    Демонстрантите не го почитуваа полицискиот час, при што се палеа згради и автомобили, додека полицијата возврати со солзавец и гумени куршуми. Полицијата објави дека се уапсени најмалку 4.000 луѓе.

    Дерек Човин, полицаецот кој со колено го притисна вратот на Флојд, нанесувајќи му смртоносни повреди, утре ќе се појави во суд под обвинение за убиство. Претседателот Трамп повика на „зацелување“ по смртта на Флојд, но кажа дека нема да им дозволи на бандите да доминираат.

    Демонстрантите не го почитуваа полицискиот час, при што се палеа згради и автомобили (Фото: АП)

    Протестите се одржуваат во 30-ина градови. Еден од најтешко погодените е Лос Анџелес, при што гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во градот.

    Едно лице е убиено во неколку пукања во Индијанаполис и полицијата не даде многу детали за овие инциденти, но кажа дека не била вмешана во нив.

    Минеаполис наликува на воена зона (Фото: АП)

    Националната гарда е распоредена пред Белата куќа, додека 13-мина полицајци се повредени во Филаделфија, а најмалку четири полициски возила се запалени.

    Снимка од Њујорк покажа како полициско возило удира во демонстрантите кои блокираат улица, при што неколкумина од нив завршуваат на земја и градоначалникот Бил ди Блазио кажа дека полицијата не го почнала инцидентот.

    Жестоки судири се пријавени и во Чикаго, Атланта и Сан Франциско.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира