НАСЛЕДНИЧКАТА НА МЕРКЕЛ НАЈАВИ ДЕКА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА КАНЦЕЛАР

    НАСЛЕДНИЧКАТА НА МЕРКЕЛ НАЈАВИ ДЕКА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА КАНЦЕЛАРКрамп-Каренбауер во декември 2018 беше избрана за нов лидер на ЦДУ (Фото: Гети)

    Анегрет Крамп-Каренбауер, која важеше за наследничка на Ангела Меркел, изјави дека не планира да се кандидира за канцелар на претстојните федерални избори во Германија и дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

    Ова следува по големиот судир во рамките на ЦДУ, чии пратеници во источна Германија се спротивставија на забраната од седиштето на партијата да се соработува со крајнодесничарската Алтернатива за Германија. Со помош на ЦДУ, крајната десница минатата недела успеа да го симне од власт премиерот на сојузната држава Турингија.

    Педесет и седумгодишната Крамп-Каренбауер во декември 2018 победи на изборите за нов лидер на ЦДУ и многумина во неа гледаа посакуван наследник на Меркел, но таа не успеа да излезе од нејзината сенка, дури и откако во јули стана министерка за одбрана.

    По контроверзните локални избори во Турингија, Меркел лично се замеша и повика да бидат повторени.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира