НАТО Е ПОВАЖНО ЗА ЕВРОПА ОТКОЛКУ ЗА САД, МЕЃУ АМЕРИКА И НЕКОИ ПРОБЛЕМИ ИМА УБАВ ГОЛЕМ ОКЕАН, ВЕЛИ ТРАМП

    НАТО Е ПОВАЖНО ЗА ЕВРОПА ОТКОЛКУ ЗА САД, МЕЃУ АМЕРИКА И НЕКОИ ПРОБЛЕМИ ИМА УБАВ ГОЛЕМ ОКЕАН, ВЕЛИ ТРАМПТрамп вели дека САД во негово претседателство би ѝ помогнале на држава која е нападната (Фото: Гети)

    Доналд Трамп изјави дека САД 100% ќе останат во НАТО ако европските држави играат фер. Во интервјуто со својот пријател и сојузник Најџел Фараж, кое ќе се емитува вечерва, Трамп ја истакнал својата посветеност кон западната воена алијанса, но ги предупредил европските нации да не ја искористуваат американската поддршка.

    Неговите коментари би можеле да ги смират европските лидери кои беа загрижени дека Трамп би можел да ги повлече САД од НАТО ако повторно биде избран за претседател.

    Трамп со години е критичен кон НАТО и бара од членките да издвојуваат повеќе пари за своите армии. Минатиот месец, тој изјави дека би ја охрабрил Русија да нападне која било членка на НАТО која не си ги исполнува своите обврски.

    Во разговорот со Фараж, Трамп ја омекнал својата реторика, но повторил дека Европа мора да го плаќа својот удел.

    НАТО мора да ги третира САД правично, зашто ако не се САД, НАТО нема ни да постои“, рекол Трамп.

    Запрашан дали САД во негово претседателство би ѝ помогнале на држава која е нападната, Трамп одговорил потврдно.

    Да, но САД го плаќаат својот фер удел, но не и сите други членки. Меѓу нас и некои проблеми има голем убав океан. НАТО е поважен за Европа“, кажал Трамп.

    Според НАТО, околу две третини од членките сега трошат на одбраната најмалку два процента од својот бруто домашен производ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира