НАЦИОНАЛИСТИТЕ СО НАЈГОЛЕМ НАПРЕДОК НА ШВЕДСКИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

    НАЦИОНАЛИСТИТЕ СО НАЈГОЛЕМ НАПРЕДОК НА ШВЕДСКИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИИмиграцијата беше централна тема за време на кампањата (Фото: АФП)

    Шведската националистичка анти-имигрантска партија има најголем напредок на парламентарните избори во земјата, додека доскорешните водечки партии речиси како да отидоа во ќорсокак. Демократите на Шведска (СД) се очекува да добијат 19, 2 отсто од гласовите.

    Партијата, која премиерот Стефан Лофвен ја опиша како „расистичка“, доби 12, 9 отсто повеќе од гласовите од претходните избори. Ниту Социјалдемократите кои се на власт, ниту централно-десничарскиот блок не се очекува да освојат мнозинство.

    Според анкетата на јавниот сервис ЦВТ, централно-десничарската алијанса освои 39, 6 отсто од гласовите, а социјалдемократите, Зелените и лево ориентираните партии освоија 39, 4 отсто.

    Имиграцијата беше централна тема за време на кампањата.

    Премиерот ја обвини СД за екстремизам и кажа дека гласот за нив е опасен. Премиерот во заминување води влада со малцински коалции, која ја сочинуваат неговата Социјалдемократска партија и Зелената парија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира