НАУЧНИЦИТЕ ГО СОЗДАДОА ПРВИОТ ЛЕК КОЈ ГО УСПОРУВА РАЗВОЈОТ НА АЛЦХАЈМЕРОВАТА БОЛЕСТ

    НАУЧНИЦИТЕ ГО СОЗДАДОА ПРВИОТ ЛЕК КОЈ ГО УСПОРУВА РАЗВОЈОТ НА АЛЦХАЈМЕРОВАТА БОЛЕСТЛекот „леканемаб“ има само мали ефекти и делува во раните фази на болеста (Фото: Гети)

    Научниците го развија првиот лек кој го успорува уништувањето на мозокот при Алцхајмерова болест, опишувајќи го напредокот како револуционерен. На овој начин е прекината повеќедецениска низа на неуспеси и се покажа дека лекувањето на највообичаената форма на деменција е можно.

    Сепак, лекот наречен „леканемаб“ има само мали ефекти и засега е непознато како би влијаел врз секојдневниот живот на луѓето. Исто така, делува само во раните фази на болеста.

    Леканемаб“ ја напаѓа лепливата материја бета амилоид, што се создава во мозокот на луѓето со Алцхајмер.

    Ова е историски момент и оптимист сум дека ќе дојдеме до почетокот на терапиите за болеста. Овие резултати се голема работа зашто долго време сите истражувања имаа стопроцентен неуспех“, изјави британскиот професор Џон Харди, кој уште пред 30 години ја предложил идејата да се напаѓа амилоидот.

    Моментално, луѓето со Алцхајмер користат само лекови за олеснување на симптомите, но тие не го менуваат текот на болеста.

    Леканемаб“ е антитело развиено да му кажува на имунолошкиот систем да го исчисти амилоидот од мозокот. Амилоид е протеин што се собира во просторите меѓу неуроните во мозокот и го создава карактеристичниот плак, кој е едно од обележјата на Алцхајмерова болест.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира