НАВАЛНИ УАПСЕН НА АЕРОДРОМОТ ВО МОСКВА, СЕ ВРАТИ ПО ПЕТ МЕСЕЦИ ОТКАКО БЕШЕ ОТРУЕН СО НОВИЧОК

    НАВАЛНИ УАПСЕН НА АЕРОДРОМОТ ВО МОСКВА, СЕ ВРАТИ ПО ПЕТ МЕСЕЦИ ОТКАКО БЕШЕ ОТРУЕН СО НОВИЧОКАлексеј Навални беше уапсен кога го покажа пасошот на граничната полиција. (Фото: АП)

    Руската полиција го уапси критичарот на Кремљ Алексеј Навални при пасошката контрола, откако денеска слета во Москва, изјавија неговиот адвокат, затворската служба и очевидци. Навални беше уапсен кога го покажа пасошот на граничната полиција уште пред формално да влезе во Русија. Неговата сопруга Јулија, портпаролката и адвокатот добија дозвола да влезат во Русија. Не е јасно зошто е уапсен.

    Навални денеска се врати дома во Русија и покрај изразената желба на руските власти да го уапсат и да го стават в затвор, а неговиот авион од Берлин слета на друг московски аеродром, а не на оној кон кој беше упатен.

    Навални се врати дома првпат откако беше отруен минатото лето. Неговиот авион требаше да слета на московскиот аеродром Внуково, но во последен момент беше пренасочен кон Шереметјево, во очигледен обид на властите да спречат новинари и приврзаници да го поздрават. Леташе со руската авиокомпанија „Победа“, сопственост на државната „Аерофлот“.

    Навални, еден од најистакнатите домашни критичари на претседателот Владимир Путин, беше пренесен во Берлин во август минатата година на итен медицински третман, откако беше отруен со, како што покажаа германските тестови, нервен агенс новичок.

    „Ова е најдобриот момент во последните пет месеци“, рече тој пред новинарите откако седна во авионот за Москва во германскиот главен град. „Се чувствувам одлично. Конечно, се враќам во родниот град“.

    Тој ја објави својата одлука да се врати од Германија во средата, а ден подоцна затворската служба во Москва соопшти дека ќе стори сé за да го уапси откако ќе се врати, обвинувајќи го за непочитување на условите за условна затворска казна за проневера, случај од 2014 за кој тој вели дека е наместен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира