НАВАЛНИ ВЕЛИ ДЕКА ВО ЗАТВОРОТ Е ПРИНУДЕН СЕКОЕ УТРО ДА СЛУША ИСТА ПОП-ПЕСНА ОД ПЕЈАЧ КОЈ Е ОБОЖАВАТЕЛ НА ПУТИН

    НАВАЛНИ ВЕЛИ ДЕКА ВО ЗАТВОРОТ Е ПРИНУДЕН СЕКОЕ УТРО ДА СЛУША ИСТА ПОП-ПЕСНА ОД ПЕЈАЧ КОЈ Е ОБОЖАВАТЕЛ НА ПУТИННавални е затворен во казнена колонија 60 километри од Арктичкиот Круг (Фото. Медијазона)

    Затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, откри дека секое утро во пет часот бил принуден да ја слуша истата песна од поп-пејач кој е голем поддржувач на Владимир Путин. Навални (47) моментално е затворен во казнена колонија 60 километри северно од Арктичкиот Круг и според досега изречените казни, треба да остане во затвор до својата 74. година.

    Тој кажа дека неговиот утрински режим се состои од слушањето на руската национална химна и патриотската песна „Јас сум Русин“, што ја изведува поп-пејачот Шаман, чие вистинско име е Јарослав Дронов. По почетокот на војната во Украина, тој редовно се појавува на државната телевизија и е меѓу славните личности кои јавно ја поддржаа кандидатурата на Путин на претстојните претседателски избори.

    Песната „Јас сум Русин“ зборува за тоа како Русите не можат да бидат скршени и секогаш одат докрај.

    „Шаман стана познат кога јас веќе бев во затвор, па не сум можел да го видам и да ја слушам неговата музика. Но, знам дека станал главниот пејач на Путин и дека неговата најпозната песна е ‘Јас сум Русин‘. Сакав да ја чујам, но немав шанса во затвор. И потоа ме донесоа во Јамал. Овдека, секое утро во пет часот, прво ја слушаме командата ‘Станувајте!‘, по што се пушта руската химна, а веднаш потоа и втората најважна песна во Русија – ‘Јас сум Русин‘“, кажа Навални.

    Неговата портпаролка Кира Јармиш кажа дека Навални повторно бил ставен во самица на десет дена зашто „неточно се претставил“. Според неа, Навални досега поминал 283 дена во самица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира