НБА ЅВЕЗДАТА ЛУКА ДОНЧИЌ ЌЕ ПЛАТИ ЗА ПОГРЕБИТЕ НА УБИЕНИТЕ ВО ПУКАЊЕТО ВО БЕЛГРАД

    НБА ЅВЕЗДАТА ЛУКА ДОНЧИЌ ЌЕ ПЛАТИ ЗА ПОГРЕБИТЕ НА УБИЕНИТЕ ВО ПУКАЊЕТО ВО БЕЛГРАДДончиќ ќе обезбеди поддршка за жртвите на трагедијата преку својата хуманитарна фондација (Фото: Гети)

    Еден од најдобрите играчи во НБА лигата Лука Дончиќ изјави дека ќе ги покрие трошоците за погребите на деветтемина убиени во завчерашното пукање во основно училиште во Белград. Меѓу жртвите се и осум деца.

    Дончиќ, чиј татко е Србин, кажа дека ќе плати и за психолошкото советување на учениците и вработените во ОУ „Владислав Рибникар“, каде што се случи масакрот, извршен од 13-годишник.

    „Срцето ми е скршено поради трагичното пукање во Белград и изгубените животи. Ја имате мојата поддршка во ова тешко време“, изјави ѕвездата на Далас.

    Тој кажа дека преку неговата хуманитарна фондација ќе обезбеди моментална и долготрајна поддршка за жртвите на трагедијата. Во пукањето се ранети уште шест деца, од кои едно девојче е во многу тешка состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира