НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ АМЕРИКАНЦИ, САКАМЕ ДА БИДЕМЕ НЕЗАВИСНИ, КАЖА НОВИОТ ПРЕМИЕР НА ГРЕНЛАНД

    НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ АМЕРИКАНЦИ, САКАМЕ ДА БИДЕМЕ НЕЗАВИСНИ, КАЖА НОВИОТ ПРЕМИЕР НА ГРЕНЛАНДЏеј-Ди Венс го посети Гренланд во петокот и го повика да склучи договор со САД (Фото: АП)

    Гренланд ќе ги зајакнува своите врски со Данска додека не стане суверена нација, изјави новиот гренландски премиер Јенс-Фредерик Нилсен, додавајќи дека полуавтономната данска територија сака да биде независна. Триесет и тригодишниот Нилсен ќе води широка владејачка коалиција со четири партии, чиј главен предизвик ќе биде да се одбрани од амбициите на Доналд Трамп за анексија на Гренланд.

    Сега сме дел од Кралството Данска и додека сме во таа унија, мора да ги градиме нашите врски и да ги зајакнуваме. Имаме силно партнерство со Данска и тоа е она што ќе го градиме до денот кога ќе можеме да станеме суверени“, рече Нилсен.

    Во однос на САД, тој кажа дека Гренланд сака партнерство засновано врз заемна почит.

    Гренланд никогаш нема да биде дел од Америка. Ние сакаме да тргуваме. Сакаме силно партнерство за националната безбедност, но сакаме и меѓусебно почитување. Никогаш нема да бидеме на продажба и никогаш нема да бидеме Американци“, изјави Нилсен.

    Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс го посети Гренланд во петокот и ја обвини Данска дека не го штити доволно, повикувајќи го островот да склучи договор со САД. Доналд Трамп потоа ги повтори своите закани дека би можел да го земе Гренланд со воена сила.

    Не сакаме да бидеме Американци, но не сакаме да бидеме ни Данци во иднина. Сакаме да бидеме независни“, истакна Нилсен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира