НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА УКРАИНА ЈА НАПАДНАЛА РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПУТИН, КАЖА ТРАМП

    НЕ ВЕРУВАМ ДЕКА УКРАИНА ЈА НАПАДНАЛА РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПУТИН, КАЖА ТРАМПИако Русија покажа снимки од соборен дрон, Украина и западните земји ги оспорија тврдењата за наводниот напад (Фото: Гети)

    Доналд Трамп изјави дека не верува оти Украина ја нападнала резиденцијата на Владимир Путин во северна Русија, како што тврди Москва.

    „Не верувам дека таков напад се случил. Нешто се случило во близина, но немало врска со тоа“, кажа Трамп.

    Информацијата за наводниот напад во регионот Новгород прв ја прошири рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој на 29 декември кажа дека Украина употребила 91 дрон, кои биле соборени од руската противвоздушна одбрана. Притоа немало жртви и штети, но Русија потоа порача дека ќе ја преиспита и заостри својата преговарачка позиција и најави одмазда.

    Трамп во прв момент кажа дека Путин лично му рекол дека Украина се обидела да ја нападне неговата резиденција.

    „Не ми се допаѓа, не е добро. Дознав за тоа од претседателот Путин. Бев многу лут поради тоа. Ова е деликатен период. Едно е да навредуваш, друго е да се нападне неговата куќа. Не е вистинско време да се направи ништо од тоа“, рече Трамп тогаш.

    Иако Русија покажа снимки од соборен дрон, Украина и западните земји ги оспорија тврдењата за наводниот напад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира