Неколку луѓе се убиени во масовното пукање што се случи во забавен комплекс во Џексонвил, на Флорида, потврди полицијата.
Канцеларијата на шерифот објави на Твитер дека има и десетина повредени и ги предупреди граѓаните да ја избегнуваат таа област. Напаѓачот наводно се самоубил на самото место.
Според извештаите, пукањето се случило за време на онлајн турнирот за видеоиграта „Маден 19“ во комплексот „Џексонвил лендинг“, во кој има и отворен пазар, продавници, барови и ресторани,
Десетици истрели можат да се слушнат на видеоснимката која се стримуваше на сајтот „Твич“, при што играњето на турнирот нагло запира.
Некои медиуми неофицијално објавија дека има четворица загинати.
„Засега не е познато дали има и друг осомничен“, објави полицијата.