НЕМА БОРБИ ВО ГАЗА ОТКАКО ПОЧНА ПРИМИРЈЕТО, ДЕНЕСКА ТРЕБА ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ 13 ЗАЛОЖНИЦИ

    НЕМА БОРБИ ВО ГАЗА ОТКАКО ПОЧНА ПРИМИРЈЕТО, ДЕНЕСКА ТРЕБА ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ 13 ЗАЛОЖНИЦИДвете страни нагласија дека паузата во борбите е само привремена (Фото: АП)

    Нема извештаи за бомбардирања и артилериски и воздушни напади во Газа откако Израел и Хамас го почнаа четиридневното примирје, што е прва пауза во борбите од почетокот на војната пред 48 дена. Примирјето почна во седум часот по локално време и првиот ден треба да бидат ослободени 13 жени и деца кои Хамас ги држи во заложништво, а во Газа треба да влезат значајни количини хуманитарна помош. Во замена, од израелските затвори ќе биде пуштен одреден број Палестинци.

    Воените известувачи велат дека во северниот дел на Газа нема знаци на израелски воздушни активности и бомбардирања. Израелската војска ги повика Палестинците да не одат во северниот дел на појасот, опишувајќи го како опасна воена зона.

    Жестоки борби се водеа во часовите пред да настапи примирјето и двете страни нагласија дека паузата во непријателствата е само привремена.

    Војната не е завршена. Хуманитарната пауза е привремена. Ова ќе бидат комплицирани денови и ништо не е извесно. Контрола над северна Газа е првиот чекор во долга војна и се подготвуваме за следните фази“, соопшти израелската војска пред да почне примирјето.

    Катарските посредници објавија дека првата група заложници ќе биде пуштена околу 14 часот по локално време. Египет кажа дека 200 камиони со хуманитарна помош, 130.000 литри гориво и четири камиони со гас ќе влегуваат во Газа секој ден од примирјето. Израел треба да ослободи 150 палестински жени и деца од своите затвори.

    Сите се надеваме дека примирјето ќе доведе до шанса да се работи на постигнување траен мир“, изјави портпаролот на катарската влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира