НЕМА ПАРИ ЗА УКРАИНА ДОДЕКА НЕ ПРОТЕЧЕ НАФТА НИЗ НАФТОВОДОТ „ДРУЖБА“, КАЖА ОРБАН ПРЕД САМИТОТ НА ЕУ

    НЕМА ПАРИ ЗА УКРАИНА ДОДЕКА НЕ ПРОТЕЧЕ НАФТА НИЗ НАФТОВОДОТ „ДРУЖБА“, КАЖА ОРБАН ПРЕД САМИТОТ НА ЕУОрбан минатиот месец ја повлече поддршката за европскиот заем за Киев (Фото: Фејсбук)

    Виктор Орбан порача дека нема да отстапи и нема да дозволи Украина да добие 90 милијарди евра од Европска Унија сѐ додека не протече нафта низ нафтоводот „Дружба“.

    Лидерите на ЕУ денеска се среќаваат во Брисел, а поради набиената агенда, самитот би можел да продолжи и утре. Една од најжешките теми е унгарското вето на помошта за Украина, која ќе се соочи со огромни финансиски проблеми ако не го добие овој заем.

    „Спремни сме да ја поддржиме Украина откако ќе ја добиеме нашата нафта, што е блокирана од нив. Дотогаш, нема одлука која е во полза на Украина“, изјави унгарскиот премиер.

    Украина пред неколку дена прифати финансиска и техничка поддршка од Европската Унија за да се поправи „Дружба“, низ кој Унгарија и Словачка добиваат нафта од Русија. Нафтоводот не е во функција од јануари, кога, според Украина, бил оштетен од руски дронови, што го прекина протокот на нафта. Унгарија ја обвини Украина дека одолговлекува со неговата поправка и минатиот месец ја повлече поддршката за европскиот заем за Киев.

    Државната нафтена компанија „Нафтагаз“ објави дека експерти на Европската Унија пристигнале во Украина за да ја испитаат состојбата на „Дружба“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира