НЕМА ЗНАЦИ ОД ПОДМОРНИЦАТА ШТО ИСЧЕЗНА НА ПАТ КОН „ТИТАНИК“, ЕКИПАЖОТ ИМАШЕ КИСЛОРОД ЗА ЧЕТИРИ ДЕНА

    НЕМА ЗНАЦИ ОД ПОДМОРНИЦАТА ШТО ИСЧЕЗНА НА ПАТ КОН „ТИТАНИК“, ЕКИПАЖОТ ИМАШЕ КИСЛОРОД ЗА ЧЕТИРИ ДЕНАВо посадата е и британскиот милијардер и авантурист Хамиш Хардинг (Фото: АП)

    Американските и канадските истражувачи се во трка со времето да ја пронајдат туристичката подморница која исчезна во Атлантскиот Океан додека била на пат кон остатоците на „Титаник“. Во неа се петмина луѓе, а контактот бил изгубен еден час и 45 минути по нурнувањето во неделата претпладне.

    Владини агенции, морнариците на двете земји и фирми за истражување на големи длабочини учествуваат во спасувањето, но засега нема знаци од пловилото долго 6,7 метри. Се верува дека до вчера попладне екипажот имал залихи кислород за уште четири дена.

    Како што беше кажано вчера, во екипажот се пилот и четворица „оператори на мисијата“. Еден од нив е британскиот милијардер, истражувач и авантурист Хамиш Хардинг (59), кој викендов на социјалните мрежи објави дека испловиле од градот Сент Џон во канадската провинција Њуфаундленд, која се соочува со најлошата зима во последните 40 години.

    Остатоците на „Титаник“ лежат на длабочина од околу 3.800 метри, 700 километри јужно од Сент Џон, иако спасувачката операција се води од Бостон. Во потрагата се вклучени воени авиони, подморница и сонарни инструменти.

    Областа што се истражува е зафрлена, што операцијата ја прави уште потешка. Видливоста се губи веднаш под површината на водата“, изјави адмиралот Џон Мауџер од американската крајбрежна стража.

    Исчезнатата подморница „Титан“ ѝ припаѓа на фирмата „Оушнгејт“, која организира тури до „Титаник“ за 250.000 долари од место.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира