НЕМАМЕ ИЗБОР ОСВЕН ДА ЈА РАЗРЕШИМЕ КАТАЛОНСКАТА ВЛАСТ, КАЖА ПРЕМИЕРОТ РАХОЈ

    НЕМАМЕ ИЗБОР ОСВЕН ДА ЈА РАЗРЕШИМЕ КАТАЛОНСКАТА ВЛАСТ, КАЖА ПРЕМИЕРОТ РАХОЈСе очекува Сенатот да ги одобри радикалните мерки предложени од владата. - Маријано Рахој (Фото: ДПА)

    Шпанската влада нема друг избор освен да ја разреши сепаратистичката власт во Каталонија, изјави премиерот Маријано Рахој.

    Тој се обрати во Сенатот пред гласањето за активирање на членот 155 од уставот, што му овозможува на Мадрид директно да се вмеша во кој било регион во Шпанија.

    „Не постои алтернатива. Единствената работа што треба и мора да ја направиме е прецизно да се држиме до законот за да обезбедиме тој да се почитува“, кажа Рахој.

    Повикувајќи се на членот 155, Мадрид планира да ја распушти каталонската власт и да ја преземе контролата врз локалните институции, вклучувајќи регионални финансии, јавни медиуми и полициски сили.

    Мадрид, исто така, најави дека ќе распише локални избори во Каталонија во наредните шест месеци, за да ја стабилизира состојбата. Нејасно е што ќе се случи доколку на тие избори повторно победат сепаратистички партии.

    Се очекува Сенатот да ги одобри мерките предложени од владата, но постои неизвесност како ќе се одвива нивното спроведување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира