НЕРЕДИ И ПАЛЕЖИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ДАБЛИН ОТКАКО МАЖ ИЗБОДЕ ДЕЦА СО НОЖ ПРЕД ШКОЛО

    НЕРЕДИ И ПАЛЕЖИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ДАБЛИН ОТКАКО МАЖ ИЗБОДЕ ДЕЦА СО НОЖ ПРЕД ШКОЛОВо нередите кои траеле над три часа беа уништени полициски возила, автобуси и трамвај (Фото: ПА)

    Ирската полиција уапси 34 луѓе по вчерашните насилни протести во центарот на Даблин, поттикнати од нападот со нож, во кој беа ранети три деца и една жена. Во насилствата беа уништени 11 полициски возила, додека 13 продавници беа искршени и ограбени.

    Ирската полиција соопшти дека се повредени неколкумина нејзини припадници. Во нередите кои траеле над три часа беа запалени и три автобуси и еден трамвај.

    „Во нередите имаше елементи на радикализација. Не можевме да очекуваме дека ваков ќе биде одговорот на нападот на децата и нивната учителка. Не очекувавме дека толпа исполнета со омраза ќе го пробие полицискиот кордон и ќе почне да крши, пали и ограбува’, изјави комесарот на ирската полиција Дру Харис.

    Еден од очевидците изјави дека повеќето од оние кои учествувале во нередите биле млади луѓе.

    Нападот со нож кој им претходеше на нередите се случи пред едно основно училиште во центарот на Даблин. Од ранетите, едно петгодишно девојче е во критична состојба, а и учителката има тешки повреди.

    Полицијата кажа дека осомничениот напаѓач, ирски државјанин во 40-ти години, е исто така сериозно повреден.

    „Мотивот на нападот останува непознат“, додаде Харис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира