НЕТАНЈАХУ ГО ИГНОРИРАШЕ ПОВИКОТ ЗА ПРИМИРЈЕ И НАРЕДИ ДА ПРОДОЛЖАТ БОРБИТЕ ПРОТИВ ХЕЗБОЛАХ СО СЕТА СИЛА

    НЕТАНЈАХУ ГО ИГНОРИРАШЕ ПОВИКОТ ЗА ПРИМИРЈЕ И НАРЕДИ ДА ПРОДОЛЖАТ БОРБИТЕ ПРОТИВ ХЕЗБОЛАХ СО СЕТА СИЛАИзраел кажа дека ноќеска погодил 75 цели на Хезболах во Либан (Фото: АП)

    Премиерот Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската војска да продолжи со борбите против Хезболах со полна сила и го игнорираше повикот за примирје, предложено од САД, ЕУ и сојузниците.

    Нема да има примирје на северот. Израел ќе продолжи со борбите против терористичката организација Хезболах со сета моќ сѐ до победата и враќањето на раселените жители од северот во нивните домови“, изјави министерот за надворешни работи Израел Кац.

    Од кабинетот на Нетанјаху кажаа дека тој воопшто не одговорил на повикот за примирје.

    Борбите против Хамас и Хезболах продолжуваат до исполнувањето на сите цели“, изјавија од кабинетот на премиерот.

    САД, Австралија, Канада, Европска Унија, Франција, Германија, Италија, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Велика Британија и Катар побараа 21-дневна пауза во борбите, што ќе овозможи натамошни преговори за да се постигне сложен договор. Ова уследи откако шефот на израелската војска Херци Халеви најави дека обемните воздушни напади против Хезболах би можеле да бидат вовед во копнена офанзива во Либан.

    Израел кажа дека ноќеска погодил 75 цели на Хезболах во регионот Бека близу Сирија.

    Продолжуваме со нападите врз Хезболах во неколку области на Либан“, соопштија Израелските одбранбени сили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира