НЕТАНЈАХУ ОБЈАВИ ДЕКА ИМАЛ РАК НА ПРОСТАТА

    НЕТАНЈАХУ ОБЈАВИ ДЕКА ИМАЛ РАК НА ПРОСТАТАНетанјаху кажа дека третманот го отстранил проблемот (Фото: АП)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е во одлична физичка состојба откако објавувањето на неговиот годишен медицински извештај откри дека му бил отстранет тумор. Во објава на Икс, Нетанјаху рече дека за време на рутински медицински мониторинг по успешната операција за зголемена простата, лекарите пронашле малиген тумор во рана фаза.

    Третманот го отстранил проблемот и не оставил никаква трага од него. Побарав да се одложи објавувањето на мојот здравствен картон за да не биде објавен во екот на војната со Иран, за да се спречи Техеран да шири уште полажна пропаганда против Израел“, рече Нетанјаху.

    Седумдесет и шестгодишниот израелски лидер кажа дека бил опериран за зголемена простата во 2024.

    Точка помала од еден сантиметар беше откриена за време на најновиот преглед. Имав мал проблем со мојата простата, кој е целосно излечен. Тоа е сега зад мене“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира