НЕТАНЈАХУ СЕ ВРАЌА НА ВЛАСТ ВО ИЗРАЕЛ, НО ЌЕ ЗАВИСИ ОД ПОДДРШКАТА НА УЛТРАНАЦИОНАЛИСТ, КОЈ Е СЛЕДБЕНИК НА РАСИСТИЧКИ РАБИН

    НЕТАНЈАХУ СЕ ВРАЌА НА ВЛАСТ ВО ИЗРАЕЛ, НО ЌЕ ЗАВИСИ ОД ПОДДРШКАТА НА УЛТРАНАЦИОНАЛИСТ, КОЈ Е СЛЕДБЕНИК НА РАСИСТИЧКИ РАБИНИтамар Бен-Гвир е еден од најпопуларните политичари во Израел (Фото: АП)

    Бившиот премиер Бењамин Нетанјаху е на прагот на драматично враќање на власт во Израел, покажуваат нецелосните резултати од вчерашните избори. По 86% пребројани гласови, блокот на Нетанјаху има освоено 65 од 120 пратенички места.

    Блиску сме до голема победа“, изјави Нетанјаху, кој претходно помина 12 години на премиерската функција, најмногу во историјата на Израел.

    Сепак, тој ќе зависи од поддршката од ултранационалистичката партија Верски ционизам, која во новата влада очекува да го добие министерството за внатрешни работи. Нејзините лидери Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич станаа озлогласени со својата антиарапска реторика и со барањата за депортација на нелојалните политичари и граѓани.

    Бен-Гвир е следбеник на покојниот ултранационалист и расистички рабин Меир Кахане, кој беше убиен во Њујорк во 1990. Неговата организација беше забранета во Израел, додека САД ја прогласија за терористичка.

    За разлика од Кахане, Бен-Гвир е еден од најпопуларните политичари во Израел, кој живее во населба на окупираниот Западен Брег, а своите арапски колеги во парламентот ги нарекува терористи. Минатиот месец, тој беше снимен како вади пиштол кога на еден протест го гаѓаа со камен.

    Ветувам дека ќе работам за сите Израелци, дури и оние кои ме мразат“, изјави Бен-Гвир, чија партија стана трета по големина по вчерашните избори, петти во Израел за помалку од четири години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира